Утрински Весник
Балкан

Детали од сведочењето на Коста Кецмановиќ, откриваат зошто не одел на училиште

Ribnik kecmanovik beograd.jpg

Коста Кецмановиќ на сведочењето открил како му било на училиште.

„Имав 211 отсуства, еднаш настинав, а другите денови се преправав дека сум болен, бидејќи ми беше тешко да одам на училиште“, изјавил тој.


Судијата го информирал момчето убиец дека сега има статус на оштетена страна, бидејќи неговиот татко и мајка се обвинети од Високото јавно обвинителство во Белград за занемарување и злоупотреба.

„Разбравте?“, прашал судијата, а момчето-убиец кратко одговорило: „Разбрав, ќе сведочам“.

На прашањето дали стои зад претходната изјава, малолетниот сторител на масовното убиство рекол: „Стојам зад сè што досега изјавив“.

Момчето-убиец зборувал два и пол часа во првиот дел од денешното судење, кога е направена пауза.

Да потсетиме дека за време на претходните рочишта, малолетникот изнел детали за злосторството, наведувајќи дека однапред го испланирал, како и дека донел два од пиштолите на неговиот татко во училиште. Тој зборувал и за семејните односи, тврдејќи дека бил под притисок да постигне најдобри резултати и дека претходно научил да ракува со оружје.

Утрово бил скриен зад чадор, ставен во автомобил и однесен во зградата на Специјалниот суд на судење. Како и на претходното судење, момчето било транспортирано со амбулантно возило, а пред да биде изнесено од клиниката, дури му бил даден и панцир.

Можете да прочитате

Во изминатите 11 години половина милион граѓани на Србија се иселиле во ЕУ и темпото на заминувања се забрзува

Казната за возење без билет во јавниот превоз во Солун и Атина се зголемува на 100 евра

Јанша: Резултатот од гласањето по пошта е некредибилен, ќе користиме правни средства