Утрински Весник
Македонија

Детали од МВР: Едно лице убиено, двајца повредени, четворица уапсени

Policija Cair.jpg

Вооружена пресметка синоќа во скопската општина Чаир заврши со еден загинат, тројца повредени и четири лица лишени од слобода.

Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен на 11 февруари 2025 година, во 00:06 часот, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде биле донесени двајца мажи со прострелни рани – Х.Б. (35) и А.Д. (35), двајцата од Скопје. Лекарите потврдиле дека Х.Б. починал од здобиените повреди, додека А.Д. бил подложен на хируршка интервенција и задржан на лекување.


Дополнително, од престрелката со повреди завршил и Н.Д. (22), кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

По преземените истражни мерки, СВР Скопје приведе четири лица под сомнение дека учествувале во престрелката. Околу 01:40 часот, во болницата бил уапсен Б.Б. (39) од Скопје, додека на подрачјето на Чаир бил приведен Н.Д. (22). Подоцна, полицијата ги пронашла и привела и Р.Р. (41) и К.Т. (28), двајцата од Скопје.

Сите уапсени се задржани во полициска станица, а надлежните служби продолжуваат со истрагата. По целосно расчистување и документирање на случајот, против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, информираат од МВР.

Можете да прочитате

Владата излажа за нов клинички центар, болницата 8 Септември не може да биде замена, велат од СДСМ

И Сиљановска-Давкова очекува оставки од членовите на Судскиот совет

10 години од пленумската окупација на УКИМ во Скопје