Утрински Весник
Македонија

Детали: Гостиварец со пиштол ја убил исчезнатата жена, телото пронајдено закопано по признание на неговата сопруга

Text max 1199 674 1.jpg

Секторот за внатрешни работи Тетово соопшти дека е поднесена кривична пријава против С.М. (53) од гостиварското село Неготино – Врапчиште, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.

Случајот се развивал од 9 декември, кога Ј.М. (34) од гостиварско пријавил дека неговата мајка, 53-годишната Х.А. од село Равен, се оддалечила од домот и не одговара на телефон. Пријавителот доставил и видео-снимки на кои се гледа дека на 7 декември таа влегува во патничко возило „фиат“, по што ѝ се губи трага.

Дополнително, на камерите забележал и дека во ноќта меѓу 6 и 7 декември С.М. нелегално влегол во неговиот дом, пребарувал низ просториите и одзел пари.

На 11 декември, во 02:15 часот, полицијата го лишила од слобода С.М. поради сомнение дека ја принудил исчезнатата Х.А. да го напушти домот и да замине со него.

По понатамошни мерки и анализа на видео-материјал, било утврдено дека осомничениот дал лажен исказ во полициската станица. Од листингот на телефонски повици било потврдено дека Х.А. последен пат стапила во контакт со него токму на 7 декември.

Со судска наредба бил извршен претрес во домот на С.М., по што од слобода била лишена и неговата сопруга Ѓ.В. (48).

Во службен разговор со полицијата, Ѓ.В. ја признала вистината: нејзиниот сопруг со пиштол ја убил Х.А. и таа го посочила местото каде ја закопале.

Полицијата, во присуство на јавен обвинител, веднаш извршила увид во атарот на село Неготино, каде било лоцирано и пронајдено телото на убиената жена. По наредба на обвинител, телото е предадено на обдукција.

Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните