Утрински Весник
Македонија

Детален извештај на ЦУК – речиси и да нема општина каде нема пожари

Img 0839.webp.webp

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 24 пожари на отворено, од коишто активни утрово се 13, врз коишто од рани зори противпожарно се дејствува по земја и со воздухопловна поддршка од сите летала што се во моментот на располагање и домашни и од другите земји кои испратија ПП летала како помош во кризната состојба заради пожарите од поголеми размери во Македонија.

Активните 13 пожари, од вкупно 24-те пожари на отворено во последното деноноќие, беа во општините:

Преглед на активни пожари на отворен простор за последното деноноќие (17/18.07.2024 година):

Од вкупно пожари на отворен простор 24, утрово вкупно активни се 13, во:

-Општина Неготино: с.Калањево (каде што гориниско стеблеста шума и грмушки);

– Општина Гевгелија: Помеѓу с.Негорци и с.Кованец (мешана шума);

– Општина Радовиш: кај с.Штурово (Ниско стеблесна шума);

– Општина Чашка: с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација)

-Општина Росоман: с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација);

– Општина Студеничани: место викано Бегово Поле (ниска вегетација и шума);

-Општина Зелениково: с.Вражале (ниска вегетација и шума);

– Општина Штип: помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепи (ниска вегетација и грмушки);

-Општина Чашка: с.Габровник префрлен пожар од с.Слепче, (мешана шума и ниска вегетација);

– Општина Долнени с. Слепче и с.Гостиражни (ниска вегетација и дабова шума);

-Општина Ново Село: над с.Бадилен (дабова шума и борова шума)

-Општина Конче: кај с Горни и Долни Липовиќ (нискостеблеста шума) и во

– Општина Делчево (се уште гори градска депонија).

Вкупно изгаснати се 11пожари на отворено, во општоните:

– Општина Битола: кај месноста „Гермаски гробишта“ над нас. „Баир“ (каде што гори ниска вегетација и шума);

-Општина Крушево: градска депонија (борова шума и ниска вегетација);

-Општина Аеродром: во реон на нас.Лисиче (ѓубре);

– Општина Арачиново: с.Арачиново (ниска вегетација);

– Општина Зелениково: с Дејковец ( високостеблеста вегетација);

– Општина Кавадарци: кај с.Шивец (ниска вегетација);

– Општина Росоман: с.Трстеник (ниска вегетација)

– Општина Штип: с.Радиње (стрниште)

-Општина Пробиштип: с.Лезово (ниска шума и грмушки)

-Општина Тетово: кај „Палма Мол“ (ѓубриште) и во

– Општина Гостивар: кај нас. „Питарница“ (ѓубриште)

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека пожарот кој што започна на 13.07.2024 година, во 22.30 часот во атарот на село Црнилиште е се уште активен. Од ТППЕ Прилеп известија до ЦУК дека активен е крак од пожарот во атарот на село Слепче и село Гостиражни (Општина Долнени), со фронт поголем од 2 километра. Зафатена е ниска вегетација и дабова шума, и е над селото Слепче. Ангажирани сили се 15 пожарникари со 4 теренски возила од ТППЕ Прилеп. За пожарот се известени ЈП „Национални шуми“, но тие немале човечки ресурси кои би ги испратиле на терен. Известени се и ЕЛС Долнени. Од страна на градоначалникот на Општина Долнени побарана е воздушна поддршка. Пожарот се проширил на околу 300 метри од првите куќи во селото. На терен биле 15 пожарникари со 4 ПП возила и имало и еден прелет на авион кој испуштил 5 водени бомби на најкритичните места на пожарот. Екипите на ТППЕ Прилеп се речиси постојано на терен.

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарот помеѓу Негорци и Кованец, Општина Гевгелија, што избувна на 12.07.2024 година се уште е активен и се шири кон н.м „Серменин“. Во текот на денот дејствуваат 5 хеликоптери, 17 пожарникари со 1 теренско возило и 2 ПП возила од ТППЕ Гевгелија, 5 пожарникари со 1 ПП возило од ДППД Дојран, 23 вработени во ШС „Кожув“ Гевгелија со 2 теренски возило и 1 специјално ПП возило, 35 вработени во ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија. Исто така на терен присутна е и Итната медицинска помош со еден тим (возач, доктор и медицинска сестра) со 1 возило.

Пожарот што се појави 15.07.2024 година над Радовиш кај с.Штурово, се активираше повторно, беше појавено ново жариште на околу 200 метри од веќе изгаснатиот пожар. Гори нискостеблеста шума. Екипи на ТППЕ, Армијата, Национални шуми се на терен и го гаснеле пожарот. Интервенирано е со хеликоптер за гасење пожар на планината Плачковица. под контрола, но се уште не е целосно изгаснат. Во интервенцијата учествуваат ТППЕ Радовиш со 15 пожарникари и 4 теренски возила, 15 од ЈПНШ Плачковица и 30 припадници од АРСМ. Гори сува трева, бор, деградирана шума и даб. Зафатена е површина од 50 – 90 хектари (неофицијално).

Шумскиот пожар над с.Бадилен општина Ново село се уште е активен. Зафатена е дабова и борова шума на површина од околу 700 ха. Во текот на денот дејствувале ТППЕ Струмица со 3 пожарникари со 1 теренски возила и од месно население кои има викендици во с.Бадилен. Околу 12.30 часот во гаснењето вклучени биле 2 хеликоптери 1 од Турцуја и 1 од Р.Србија, а во 14 .30 часот и 2 хеликоптери од Словенија . Со едниот од хеликоптери беа евакоирани градоначалникот и пожарникарите и кои беа обиколени од пожарот и беа во опасност. Со гаснењето раководи градоначалникот на Општина Ново Село. Во 19.00 часот се одржа состанок на Кризниот штап и ќе се олучува за дејствување во текот на утрешниот ден.

Пожарот кај селата Долни и Горни Липовиќ, Општина Конче не се шири и е под контрола. Се гледа чад од опожарената површина се работи на на негово гаснење. На теренот има 8 луѓе од кои 3 од Национални шуми, 3 од ДППД и 2 од ловно друштво.

Регионалниот ЦУК Велес, известува дека шумски пожар на планината Голешница на Врвот Лисец – помеѓу с. Г. Јаболчиште и Дреново во Општина Чашка повторно е активен. Се наоѓа на многу висок и непристапен терен – каде што не може да се дејствува од земја поради густата и висока вегетација.

Пожарот што во текот на вчерашниот ден префрли од с. Слепче во Општина Прилеп кон с.Габровник во Општина Чашка на планината Бабуна. Според информацијта добиена од ЈП Национални шуми „Бабуна“ од Велес пожарот од страната на с.Габровник е ставен под контрола, интервенираа 6 варботени од подружницата, додека од страна на с.Мокрени, место викано „Мокренски Јазик“, пожарот е активен, а истиот е приземен пожар при што горат паднатите лисја.

Во 12:20 часот започнат е пожар на отворен простор во атарот на с.Сирково во Општина Росоман. Пожарот е на тешко пристапен терен и се ширирел во повеќе правци, од коишто еден кон Подлес во Општина Градско. Гори ниска вегетација, сува трава и нискостеблеста шума, зафатена е голема површина. Во текот на денот интервенирале: ТППЕ Кавадарци со 7 пожарникари и 3 ПП Возила, ТППЕ Велес со 5 пожарникари и 1 ПП возило, 3 цистерни и 1 булдожер од ЈП „Комуналец“ Кавадарци, месно население и механизација од месното население. На пожарот во неколку налети дејствуваа и двата ер-трактори на Република Турција и еден канадер на Република Хрватска.

Активни пожари на територијата на Општина Неготино се над воениот АБХ полигон во правец на „Штипско рамниште“ на планината Серта во места викани („Бин Курија“, „Врчидол“, „Вршникот“) и во атарот на село Калањево на место викано Дуњица на непристапен терен и Длабоки дол. Според информациите од терен состојбата и на двата активни пожара е алармантна. Гори нискостеблеста шума, сува трева и грмушки.

Во текот на денот интервенирале.

Ангажирани локални ресурси од страна на Кризниот штаб Неготино се:

-ТППЕ Неготино 10 пожарникари со 2 цистерни и 1 џип

-ЈП Комуналец Неготино 7 вработени со 2 цистерни

-Ловно друштво Вардар Неготино со 10 лица

ЈП Комуналец Кавадарци 3 вработени со 2 цистерни

-ЈП Македонија пат со 15 вработени, 1 грејдер, 1 скип, 10 моторни пили и 1 гасеничар

-приватен сектор со 2 трактор цистерни

-Полициска станица Неготино 10 вработени со 1 дрон

-Национални шуми Демир Капија 10 вработени,1 џип и 1 цистерна

Силите се распоредени на двата пожари.

Во гаснењето кај Калањево беше вклучен еден хеликоптер.

На пожарот над воениот АБХ полигон на планината Серта од географската страна на Општина Неготино, немаше гаснење од воздух.

Регионалниот ЦУК Штип, известува дека според добиените информации во 17.00 часот се повлечени сите учесници во гасењето на пожарот во Штип што е се уште активен на потегот од кај с. Драгоево кон с. Селце каде што беа ангажирани ПП силите.

Кај с. Селце мв „Шеоба“, беа ангажирани:

ТППЕ Штип со 4 пожарникари со 1 ПП возило,

РЦУК Штип со 1 вработен (раководител) со 1 теренско возило,

ЈПНШ – ЈП Серта со 3 вработени со 1 теренско возило и

1 лице мештанин од с. Селце.

Кракот од мв Шеоба кон с. Селце е намален, но се уште гори, поради непристапен терен гасењето се одвива тешко.

Кај с. Драгоево мв Штркалево:

ТППЕ Штип со 6 пожарникари, 1 ПП цистерна и 1 ППмв, АРМ со 32 војници, 1 лице мештанин од с. Драгоево со цистерна на трактор.

Кракот што се ширел од мв Штркалево кон с. Драгоево е локализиран, додека на стариот пат од мв „Штркалево“ кон Неготино пожарот се разгорува и покрај патот кон армискиот полигонот на Криволак. Во текот на денот на пожарот кај с. Селце и с. Драгоево 5 „ер трактори“ интервенирале по 7 пати, а хрватскиот „канадер“ 6 пати. На другата страна од овој пожар кај Пепелиште доаѓа до ширење кон тромеѓето на опшините Конче, Штип и Неготино и ги загрозува селата Пиперово (Штип и Гарван и Загорци (Конче). Овој пожар се шири (од двете страни) покрај патот Штип – Неготино.

Монтажните базени за полнење вода кои биле стационирани кај с. Софилари во 15.00 ч. се преместени на друга локација.

Пожарот на градската депонија во Делчево што започнал на ден 14.07.2024 година е се уште активен, односно дека тлее, гори во внатрешноста на депонијата. Во текот на денешниот ден 4 вработени од ЈКП, со 2 машини повторно вршеле затрупување на депонијата со песок.

Регионалниот ЦУК Скопје информира за пожар на локација „Бегово Поле“, Општина Зелениково или поточно кај напуштените објекти на Шумарски факултет. За настанатата состојба биле известени ЈП „Национални шуми“ пожарот ескалира на локација „Бегово Поле“. Контактирано е со градоначалникот на Општина Студеничани за помош на овчарот кој имало неколу трла со овци. Известена е и ПС Драчево за помош и евакуација од пожарот во текот на вчерашниот денот направени се неколку телефонски разговори со градоначалникот на Општина Студеничани и потврдено ни е дека немаат теренски возила и дека теренот е непристапен од страна на нивната општина, поради што беше побарано интервенција од воздух. Од Бригадата за ПП заштита (БППЗ) на Град Скопје не информираа дека не се во можност да интервенираат поради непристапен терен, а дека пристап има од страна на Општина Велес.

Има пожар на отворен простор, каде што е опожарени високостеблеста вегетација помеѓу с. Дејковец, Општина Зелениково и с. Јаболчиште Општина Чашка. Теренот бил непристапен за гасење, каде што можело да има дејствување на ПП воздухоплови. Настанот го пријавува градоначалникот на Општина Зелениково. Известени се и ЈП Национални шуми и БППЗ на Град Скопје.

Од 06:05 часот, започнат е пожар во с.Вражале, Општина Зелениково. Со пожарот е зафатена сува трева и шума. Во гаснењето на пожарот интервенираат 3 пожарникари со 1 ПП возило.

Можете да прочитате

Локализиран е пожарот кај Пехчево

Димитриевски: ЗНАМ е еднаков партнер во власта, од ВРЕДИ грешат ако сметаат дека со овие гестови ќе иницираат дестабилизација на Владата

Влада: Формирано координативно тело за унапредување на високото образование, нова зграда на Драмски театар, план за капитални инвестиции во општините