Утрински Весник
Магазин

Детаљ од посмртницата на Елизабета Втора го заинтригира интернетот

Детаљ од посмртницата на Елизабета Втора го заинтригира интернетот

Државниот регистар на Шкотска во четвртокот објави потврда за смртта на кралицата. Во документот се наведува дека кралицата починала на 8 септември 2022 година во 15:10 часот. Како причина за смртта е наведена староста.

dobivaj vesti na viber

Кралицата почина во замокот Балморал, кој беше нејзина летна резиденција, а посмртниот лист го потпиша нејзината ќерка Ана, кралската принцеза.

Овој документ се шири на социјалните мрежи, а многумина беа заинтригирани од занимањето на Елизабета Втора.

Имено, во името пишува Елизабет Александра Мери, а и нејзиното презиме Виндзор. Во графата за занимање, пак, пишува: „Нејзино височество кралица“.

Твитер е полн со објави на сметка на овој детаљ и многу луѓе не разбираат зошто е наведен како занимање.

„Ова со професијата малку ме насмеа“, пишуваат твитерџиите.

„Сакам да го наведам ова занимање во даночната картичка“, напиша друг.

Некои се шегуваат дека ќе го стават истото занимање на нивниот LinkedIn.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 12 март 2026

Овие хороскопски знаци најдобро знаат да чуваат тајни

Природни намирници кои можат да помогнат при чир на желудник