Утрински Весник
Спорт

Дешамп: Публиката не дава голови

Дешамп: Публиката не дава голови

Францускиот селектор Дидие Дешамп пред полуфиналниот натпревар против Мароко на Светското првенство во Катар оцени дека ривалот има способност добро да се брани.

dobivaj vesti na viber

„Таа екипа има способност добро да се брани. Сепак, не смееме да го оцениме Мароко како само дефанзивен тим, не би биле во полуфиналето ако немаат и други квалитети. Тие им зададоа силни удари на досегашните противници“, изјави Дешамп.

Тој ги пофали и нивните фанови.

„Мароканците ќе имаат гласна поддршка од трибините, па моите помошници веќе разговараа со играчите за тоа. Се подготвуваме за натпреварот, мора да бидеме подготвен и за атмосферата. Моите играчи знаат што ги чека, но, сепак, публиката не дава голови на теренот“, дополни францускиот селектор.

Можете да прочитате

Вечерва се враќа Лигата на шампиони

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација