Утрински Весник
Спорт

Дешам го објави составот со кој Франција ќе ја брани светската титула

Дешам го објави составот со кој Франција ќе ја брани светската титула

Францускиот селектор Дидие Дешам официјално го откри 26-члениот состав на репрезентцијата што во Катар ќе ја брани својата светска титула и каде што ќе се обидат да станат само третата нација што ја одбранила титулата по Италија (1934, 1938) и Бразил (1958, 1962).

dobivaj vesti na viber

Франција е во група со Австралија, Данска и Тунис и во составот нема поголеми изненадувања по потврдените отсуства на Пол Погба и Н’Голо Канте поради повреди.

На голот речиси сигурно стартер ќе биде Иго Љорис од Тотенхем, особено по повредата на Мајк Мањан од Милан, а негови замени ќе бидат Алфонс Ареола и Стив Манданда. Рафаел Варан од Манчестер јунајтед доби место во тимот и покрај повредата што ја доби неодамна и, најверојатно, ќе биде стартер ако биде фит, а Вилијам Салиба, Лукас Ернандез, Преснел Кимбембе, Ибрахима Конате и Дајот Упамекано ќе бидат во тесен избор за една од позициите на централен бек. Бенжамин Павар и Тео Ернандез, најверојатно, се стартери на крилните позиции.

Во средниот ред, и покрај повредите на Погба и Канте, Дешам има доста опции, особено во двата млади талента на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга и Орелиен Чуамени. Шанса ќе добијат и Адриен Рабио и препородениот Матео Гендузи.

Во нападот, пак, триото Килијан Мбапе – Антоан Гризман – Карим Бензема би требало да биде сигурно како стартер, но тука е и ветеранот Оливие Жиру, како и Усман Дембеле, Кристофер Нкунку и Кингсли Коман.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност