Утрински Весник
Спорт

Десетта победа за ТФТ во првенството

20251219185741 big 730x400 62.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Екипата на ТФТ оствари победа во првиот дуел од 11.коло од М-Тел Супер лигата откако вечерва го совлада тимот на Тиквеш со 89:58. Со овој триумф екипата на ТФТ го обезбеди првото место по првиот дел од сезона.

Дуелот со кавадарчани беше изедначен и по две четвртини беше нерешено 32:32. Фаворитот во продолжението успеа да се одлепи и без поголеми проблеми во завршницата да стигне до убедлива победа.

Рејмонд Сомервил од ТФТ со 19 поени беше најефикасен на дуелот.

Со денешниот триумф ТФТ има 21 бод и е на врвот на табелата, додека следува МЗТ Скопје Аеродром со 18.

Утре се играат дуелите: Феникс – Гостивар, Ангели – Маџари, МКК Куманово – Работнички и Пелистер – Кожув, додека последниот натпревар од колото се игра во недела меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Чаир.

Можете да прочитате

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025

Беќири: Шкендија на натпреварите покажа стабилност