Утрински Весник
Магазин

Десетминутни овации во Венеција за Анџелина Џоли: актерката заврши во солзи по премиерата на филмот „Марија“

Andzelina Dzoli Venecija 2.jpg

Анџелина Џоли заврши во солзи по десетминутните овации на филмскиот фестивал во Венеција по премиерата на филмот „Марија“, а актерката беше дефиниција за елеганција во беж долг фустан со крзнен детаљ.

Оскаровката присуствуваше на премиерата на нејзиниот претстоен филм „Марија“ и по проекцијата беше пречекана со толку бурен и долг аплауз, што особено ја трогна.

Џоли беше придружувана по скалите на театарот со громогласни овации и беше видена како ги брише солзите од лицето, покажува видеото.

На видеото кое го објави италијанскиот Vanity Fair се гледа како Анџелина ги брише солзите, а доби и прегратка од нејзиниот колега Пјерфранческо Фавино.

Актерката на црвениот тепих пристигна во шифон фустан во ладни беж нијанси со крзнен детаљ, дизајниран од Тамара Ралф, австралиска дизајнерка.

Можете да прочитате

Околу 1.200 АИ-агенти нашле недозволен канал за комуникација и се здружиле за мамење на тестови

Дневен хороскоп за 9 ноември: Овните да не брзаат, Вагите да кажат што навистина мислат

Дневен хороскоп за 09 ноември 2026 година