Утрински Весник
Македонија

Десет возачи лишени од слобода 

Mvr Policija 4.jpg

Лишени од слобода биле десет возачи во текот на вчерашниот ден. Осум од нив возеле без дозвола, двајца возеле иако имале забрана за управување со моторно возило од Б категорија, и еден возел под дејство на алкохол

Од МВР информираат дека двајца возачи се лишени од слобода во Тетово, а по еден во Куманово, Битола, Свети Николе, Штип и Кочани поради управување возило без возачка дозвола. По еден возач во Велес и Свети Николе управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија, додека еден возач во гевгелиско управувал возило под дејство на алкохол, се наведува во соопштението.

Додаваат дека лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесат за побезбеден сообраќај.

Можете да прочитате

МВР: Кривична за сопственик на сместувачки објект во Делчево, каде при пожар на 1 јануари имало 30 гости

Скопјанец повредил малолетна девојка со која живеел во вонбрачна заедница

Висок водостој на Вардар, Треска и Црна