Утрински Весник
Македонија

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Diskoteka Puls Pozar Kocani 22.jpg

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи соопшти дека во Општата болница во Кочани со ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити) се третирани 10 лица повредени во пожарот во Кочани.

Ова, како што наведува Клековски, е голем чекор напред затоа што ПРП терапијата ќе може да ја примаат пациентите без да патуваат до Скопје.


– Во Општата болница во Кочани, 10 лица повредени во трагедијата беа третирани со ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити). Интервенциите ги изведе тим од болницата „Св. Наум Охридски“ од Скопје. Претходно, девет лица беа третирани од Клиниката за пластична хирургија Скопје. Ова е голем чекор напред – ПРП терапијата сега е достапна во Кочани, без потреба од патување до Скопје! ПРП е иновативна метода што користи плазма од сопствената крв за да го забрза заздравувањето на оштетената кожа, напиша Клековски на Фејсбук.

Можете да прочитате

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво

Минчев од седиштето на ReSPA: Регионалната соработка е двигател на европските реформи

Вонредно известување од ЦУК до жителите на Стајковци и Арачиново