Серија А, по пауза од шест години, ќе има финалист во Лигата на шампионите. Јувентус во 2017 година загуби во финалето од Реал Мадрид (4:1).
За место во финалето, кое годинава ќе се одигра во Истанбул, ќе се борат Милан и Интер.
Актуелниот шампион на Италија, Милан, во четврт-финалето го елиминираше– Наполи (1:0, 1:1), а Интер беа подобри од Бенфика (2:0, 3:3).
Интер стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите првпат по 2010 година кога го освои ова натпреварување. Истото важи и за Милан, последен пат во полуфиналето играа во 2007 година, а подоцна и ја освоија титулата.
Градските ривали во Лигата на шампионите двапати се сретнале во нокаут-фазата. Во 2003 година играа во оваа фаза. Првиот меч заврши 1:1, вториот 0:0, а Милан влезе во финалето благодарение на голот што го постигна кога Интер беше домаќин. Во финалето Милан на пенали го победи Јувентус.
Милан и Интер играа во четврт-финалето во 2005 година. Тогаш Милан надмоќно избори место во полуфиналето, со победите од 2:0 и 3:0.
Годинава домаќин на првото „Дерби дела Мадонина“ ќе биде Милан на 10 мај, шест дена подоцна домаќин ќе биде Интер.