Утрински Весник
Спорт

Депај се враќа во Премиер лигата

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Мемфис Депај, во зимскиот преоден рок ќе ја напушти Барселона. Тврдоглавоста на Холанѓанецот не се исплатеше, откако уште еднаш доби јасна порака од тренерот Чави дека не му е потребен во тимот.

dobivaj vesti na viber

Депај, како сега стојат работите ќе се врати во Премиер лигата, каде на почетокот на кариерата имаше неуспешна кариера во Манчестер јунајтед. Интерес за Холанѓанецот повторно покажа Њукасл.

Во летниот преоден рок, Њукасл беше подготвен да го реализира трансферот, но Депај не сакаше да си замине.

Њукасл ќе се бори на три фронта, сака да освои еден од двата Куп пехари во Англија, па затоа на менаџерот Еди Хау му е потребен квалитетен кадар.

Депај влегува во последните шест месеци од договорот, па Барса би можела да го продаде за малку пари, а во исто време Холанѓанецот да бара поголема плата од англискиот клуб.

Мемфис Депај, како слободен играч од Лион се пресели во Барселона во летниот преоден рок, во 2021 година.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина