Утрински Весник
Македонија

Деновиве ќе имаме нестабилност со пороен дожд и грмежи!

Meteoalarm.mk 53.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес (вторник 27 мај) во западните предели од нашата Македонија, а во четврток (29 мај) на повеќе места во попладневните часови ќе има развој на конвективни грмотевични облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи, како и засилен ветер во зоната на нестабилност.


И во делови од Скопскиот регион, особено во четврток (29 мај) во попладневните часови ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 денес (вторник 27 мај) а во четврток (29 мај) ќе имаме малку пониски максимални дневни температури, кои ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени. Во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 26 степени денес (вторник 27 мај) и до околу 20 степени во четврток (29 мај).

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

„Силјан” конечно „слетува” на црвен тепих во Скопје

 Сиљановска-Давкова разговараше со македонските мировници: Не е случајна огромната доверба на граѓаните во Армијата

Деспотовски не ја негираше соработката со ВМРО и повторно ја нападна СДСМ