Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Денови на словенечки филм во Кинотека

Kinoteka.webp.webp
Img 7972

Во Кинотека на Македонија од 9 до 11 октомври ќе се одржат Деновите на словенечки филм, на кои македонската публика ќе има можност да погледне три понови филмски остварувања од Словенија.

Фестивалот ќе биде отворен денеска со долгометражниот филм „Спасение за почетници“ (2024) на режисерката Соња Просенц, кој на хумористичен и трагикомичен начин ги истражува современите општествени прашања. Филмот е копродукција меѓу Словенија, Италија, Норвешка и Србија, и имаше светска премиера на фестивалот во Трајбека.


Утре ќе биде прикажан младинскиот акциско-авантуристички филм „Игралиштето не го даваме!“ (2024) на Клемен Дворник, кој ја следи борбата на група млади скејтери за зачувување на своето маалско игралиште. Филмот освои 12 награди, меѓу кои и Златната ролна во Словенија.

Завршната вечер, сабота, 11 октомври, е резервирана за документарниот филм „Планината не оди никаде“ (2025) на Петра Селишкар, кој ги прикажува животите на млади овчари во македонските планини. Филмот е копродукција меѓу Словенија, Франција и Македонија, и веќе има освоено две меѓународни награди.

Можете да прочитате

Муцунски на Состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес во Белфаст

Покрената Иницијатива за заштита на македонскиот рубин

АВМУ: И Управен ја отфрли тужбата на Левица