Утрински Весник
Македонија

Денот на Армијата ќе биде одблежaн свечено и со присуство на државниот врв

Денот на Армијата ќе биде одблежaн свечено и со присуство на државниот врв

Со централна свеченост на Воениот стадион во Скопје ќе биде одбележан 18 август – Денот на Армијата на Македонија, а во рамки на настанот предвидени се повеќе обраќања и активности.

dobivaj vesti na viber

Претседателот и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, ќе се обрати на централната прослава и ќе одликува припадници на Армијата со Медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Република Северна Македонија – признание кое за прв пат ќе се додели во нашата држава.

Од претседателскиот кабинет објавија дека Пендаровски со Медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Република Северна Македонија ќе одликува 13 припадници на Армијата, а со Медал за храброст ќе одликува 60 припадници на АРМ.

Свое обраќање ќе има и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

Во склоп на прославата со воена церемонија ќе бидат соопштени Укази за произведување во генералски чин, а од страна на министерката за одбрана, Славјанка Петровска,  ќе се доделат и полковнички чинови на унапредени старешини во чин полковник.

 

 

Можете да прочитате

Филипче: Аферата со АНБ е измислена, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од вистината

Сиромашни сме за нула отпад, смета премиерот – создаваат магла и растураат пердуви

24 сторија: Самохрана мајка без редовни приходи мора да плати приватна хоспитализација на нејзиниот татко поради немање државјанство