Утрински Весник
Македонија

Денеска сончево и топло со мала облачност

Vreme.jpg

– Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.

Од утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Можете да прочитате

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР