Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Денеска се празнуваат Светите свештеномаченици Дионисиј Ареопагит, епископ Атински, Рустик презвитер и Елефтериј ѓакон

Fotojet 93.jpg
Img 7972

Се вбројува во Седумдесетте апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши философска школа во Атина, отиде во Египет за да учи уште. Во тоа време, еден ден на Крстот издивна Господ Исус Христос и сонцето се помрачи и во Египет беше темно три часа. Тогаш Дионисиј возвикна: „Или Бог, Создателот на светот страда или овој свет завршува.“

Кога се врати во Атина, се ожени со Дамара и со неа имаше синови. Беше член на највисокиот суд кај Грците, наречен Ареопаг, поради што и го доби називот Ареопагит. Кога апостолот Павле го проповедаше Евангелието во Атина, Дионисиј со целиот свој дом се крсти.


Од Павле беше посветен за епископ Атински, бидејќи ги остави жената и децата и положбата во општеството заради љубовта Христова. Доволно долго патуваше со Павле и ги запозна останатите Христови апостоли.

Отиде во Ерусалим со цел да ја види Пресвета Богородица и средбата со неа ја опиша во едно од своите дела. Беше и на погребот на Пречистата заедно со другите апостоли.

Кога неговиот учител, светиот апостол Павле, пострада маченички, Дионисиј посака и за себе таква смрт. И отиде да го проповеда Евангелието меѓу варварите во Галија, заедно со презвитерот Рустик и ѓаконот Елефтериј. За неговиот труд многумина незнабошци се обратија кон верата Христова.

Во Париз, Дионисиј изгради малечка црква во која Му служеше служба на Бога. Кога имаше деведесет години, го фатија и го мачеа за Христа, заедно со Рустик и Елефтериј, сè додека најпосле не ги убија со меч сите тројца.

Отсечената глава на свети Дионисиј отскокна на големо растојание и падна пред една христијанка Катула, која заедно со неа чесно го погреба и телото. Тој пострада во времето на Дометијан во 96 година.

Можете да прочитате

Осумнаесет години без Тоше – ја обедини Македонија со својот глас и со своето големо срце

Неочекувани вести за еден знак: Дневен хроскоп (16.10.2025)

Тијана Дапчевиќ искрено за караниците со Тамара: „Блокирана сум, тоа ни се случува еднаш месечно“