Утрински Весник
Магазин

Денеска се празнува Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски

Fotojet 2025 11 18t154749.956 972x500 1.jpg

Кога блажениот патријарх Александар лежеше на смртна постела, ужалените верни го прашуваа кого го остава зад себе за архипастир на словесното стадо Христово.

Болниот патријарх им рече: „Ако сакате да имате патријарх којшто ќе ве учи и ќе ви блеска со добродетел, изберете го Павле, а ако сакате да имате само убав човек и само однадвор украсен, изберете го Македониј“.

Народот го избра Павле. Но, ова не им беше право на аријанските еретици ниту на царот Констанциј, којшто во тоа време беше во Антиохија. И наскоро го симнаа Павле и тој заедно со свети Атанасиј Велики побегна во Рим, каде што обајцата беа добро примени од папата Јулиј и од царот Констанс, коишто ги поддржаа во нивната православна вера.

На писмо од царот Констанс и папата Јулиј, Павле го вратија на престолот, но кога умре овој цар аријанците кренаа глава и го протераа православниот патријарх во Кукуз во Ерменија. Во прогонство, свети Павле еднаш служејќи литургија беше нападнат од аријанците и удавен со омофорот, во 351 година.

Во времето на царот Теодосиј неговите мошти во 381 година беа пренесени во Цариград, а во 1236 година во Венеција, каде што се наоѓаат и денес. Неговите омилени клирици и секретари Маркијан и Мартириј пострадаа наскоро после својот патријарх (се слават на 25 октомври).

Можете да прочитате

Еден знак денес ќе добие убава вест: Дневен хороскоп (19.11.2025)

Калиопи:Ја пеам химна за сите! Не сум ничија партија!

Секој седми млад Европеец има проблем со менталното здравје