Утрински Весник
Магазин

Денеска се празнува Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски

Fotojet 31 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Роден е во прочуена фамилија, сродна на персискиот царски дом на царот Арбатан и на ерменското царско семејство на царот Курсару.

Кога овие две царски семејства завојуваа меѓу себе, Григориј се оддалечи во Кесарија Кападокиска, каде што прво ја запозна верата Христова, се крсти и се ожени. Од тој брак имаше два сина, Ортан и Аростан. И обајцата ги посвети на служба на Црквата.


По смртта на својата жена, Григориј се врати во Ерменија и се стави во служба на царот Тиридат. И Григориј му служеше верно на својот цар, а царот го сакаше Григориј. Но, кога царот дозна дека Григориј е христијанин, се налути и почна да го советува да се одрече од верата Христова.

Кога не успеа во тоа, Тиридат го подложи Григориј на маки и после многу измачување го фрли во една длабока јама исполнета со секакви отровни гадинки. Но, Бог го сочува жив светиот Григориј во таа јама полни четиринаесет години.

Потоа Тиридат го продолжи гонењето на христијаните во своето царство и удри на еден женски манастир во којшто имаше триесет и седум сестри со игуманијата Гајанија.

Откако ги уби сите, Тиридат полуде и беше како дива свиња. На царевата сестра, пак, ѝ се јави во сон некој пресветол маж и ѝ рече дека нејзиниот полуден брат нема да оздрави додека Григориј не биде изваден од јамата. Кога го избавија, свети Григориј го исцели и го крсти Тиридат.

Потоа според желбата на Тиридат, Григориј стана епископ на Ерменија и со помошта на царот, а најнапред со Божјата, ја просвети цела Ерменија и околните страни со верата Христова.

Својот многутруден живот свети Григориј го заврши на длабока старост, во 335 година.

Можете да прочитате

Климатските промени предизвикуваат генетски промени кај поларните мечки

Двајца другари од Индија, пронашле дијамант вреден 50.000 евра, со парите ќе ги мажат сестрите

Хуманитарен Божиќен базар – „ELA во Погон”