Утрински Весник
Магазин

Денеска се празнува Преображение Господово

20240816173020 Big 730x400 17 1.webp.webp

Празникот Преображение по својата смисла и значење за човечкиот род е еден од централните христијански празници. Се базира на настанот на Христовото преобразување, т.е. покажување на неговата божественост пред најблиските ученици Петар, Јаков и Јован на Таворската Гора кратко време пред неговото страдање во Ерусалим.

Важноста на овој настан за човечкиот род е одлично искажана во зборовите што апостол Петар ги кажува во некакво изумување, а кои сведочат за значењето на непосредниот однос на човекот со Бога.

Тие зборови се: Господи, добро ни е овде. Во црквата смислата и значењето на празникот секогаш најдобро се искажуваат во тропарот на денот, кој за овој празник гласи: Си се преобразил на гората Христе Боже, покажувајќи им ја својата слава (божественоста) на твоите ученици, колку што можеа да примат; и нам грешните да ни заблеска твојата вечна светлина, т.е. светлината на вистинското знаење, богопознание.

Според народните верувања, ова е еден од најголемите празници кога почнува да се преобразува природата и веќе се најавува идната есен.

Се верува дека по овој празник се преобразува и листот во гората, кој почнува да жолтее и водата, која станува постудена, па не е за капење.

Според народните верувања, на Преображение не треба да се спие преку ден, затоа што може да се преобрази и да се стане сонлив и поспан во текот на цела година.

Исто така се верува дека на овој ден не треба да се плаче, ниту луѓето цел ден да го поминат во кафеана, за да не станат безделничари.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста