Утрински Весник
Македонија

Денеска се празнува Полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква во Цариград

Screenshot 20250715 083803 gallery.jpg

Во времето на царот Лав Велики (458–471), на царицата Верина и патријархот Генадиј, патуваа по Светата Земја двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, заради поклонение на тамошните светости. Во Назарет отседнаа во куќата на една вдовица Еврејка, којашто во тајна одаја ја чуваше ризата на Пресвета Богородица. Многумина болни и неволни добиваа исцеление за своите маки со молитва и со допирот на таа риза.

Галвиј и Кандид ја зедоа Светата риза и ја пренесоа во Цариград, а тоа им го објавија на царот и на патријархот. Во царскиот град тоа предизвика голема радост. Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот на еден залив, наречен Влахернски, според името на некој скитски војвода Влахерн, којшто на ова место беше убиен). Овој празник е востановен во спомен на полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква.


Можете да прочитате

ЦУК: Активни шест пожари во државава, три изгаснати

Арсовска во кривична пријава за Ганиу ја открива шемата со дивоградбите во Чаир

Следните два дена топло, потоа локален пороен дожд и ветер