Утрински Весник
Македонија

Денеска од 11 до 17 часот блокада на меѓународниот сообраќај на граничниот премин Меџитлија

20240209093517 big 730x400 45.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Земјоделците од северниот дел на Грција, денеска од 11 до 17 часот по македонско време, целосно ќе го блокираат премин Ники на грчка страна.

-Блокадата на граничниот премин Ники, исто времено значи дека нема да биде во функција и граничниот премин Меџитлија, односно македонските граѓани нема да имаат можност да патуваат во соседна Грција се до завршување на блокадата за секаков вид патнички и товарни моторни возила, потврдија за МИА од граничниот премин Меџитлија, откако грчките погранични служби ги известиле македонските погранични служби.

Деновиве земјоделците од северозападна Грција со тракторите протестираа без целосно затворање на сообраќајот, но денеска меѓународниот сообраќај на македонско-грчката граница од 11 до 17 часот, од грчкото село Ники, ќе биде затворен кон внатрешноста на Грција.

Во посочениот термин ќе биде запрен и сообраќајот за камиони кои пренесуваат лигнит кон нашата земја.

Можете да прочитате

Поставена новогодишна елка во Охридското езеро

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загаден воздух

Македонија вечерва меѓу најзагадените во светот