Утрински Весник
Македонија

Денеска ново рочиште за случајот „Онкологија“

Nino vasev 1.jpg

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти.

Одбраната на првообвинетиот Васев на минатото рочиште до Судот поднесе барање државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот или делегира на друго обвинителство. Со оглед дека по предлогот е потребно да одлучи јавниот обвинител на РСМ, судот ја одложи расправата.


Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка од ОЈО Сопје Ана Гоговска Јакимовска.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и треба да продлжи со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, заедно со уште двајца онколози Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката започна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина, по што судот ја осуди на две години условна казна затвор.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

Можете да прочитате

Борис Трајковски се превртува во гроб од најновата мигрантска политика на ВМРО-ДПМНЕ

Орбан со честитки до ВМРО-ДПМНЕ: По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа

Околу половина час се чека за излез од државата на премините „Дојран“ и „Табановце“, ГП Евзони блокиран за сообраќај