Утрински Весник
Македонија

Денеска нов серијал прес-конференции на СДСМ

Sdsm.jpeg

Под слоганот „4 години разочарувања – 4 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ”, СДСМ денеска ја продолжува серијата прес-конференции посветени на катастрофалното владеење во изминатите четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, најавуваат од опозициската партија.

Денеска, почнувајќи од 11.00 часот, во седиштето на СДСМ ќе се одржи вториот серијал прес конференции:


  1. Прес конференција на кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова.
  2. Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Аеродром, Александар Трајановски.
  3. Прес конференција на кандидатот за градоначалник на  Ѓорче Петров, Костадин Ацевски.
  4. Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Гази Баба, Влатко Митовски.
  5. Прес конференција на кандидатката за градоначалничка на општина Бутел, Оливера Ливриниќ.

Од СДСМ во најавата наведуваат дека на прес-конференциите, во фокусот ќе биде градот Скопје и општините Аеродром, Ѓорче Петров, Гази Баба и Бутел, кои наместо да се развиваат, за четири години под раководство на ВМРО-ДПМНЕ тонат во хаос, нерешени проблеми, катастрофален јавен превоз, нехигиена, загадување, урбанистичко дивеење…

Можете да прочитате

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Интервју со Тасевски: Македонското небо без контролори, за пет години 40 од нив можат во пензија, нови нема

ДУИ: ВРЕДИ го брани планот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на бројот на советниците Албанци