Утрински Весник
Македонија

Денеска е Петровден – еве што треба да направите денес

Petrovden.jpg
Dik 300x250 mk

Денеска е Петровден – за многу години!

На 12 јули, според Јулијанскиот календар на Македонската православна црква, верниците го одбележуваат големиот христијански празник Светите првоврховни апостоли Петар и Павле, во народот познат како Петровден.


Со овој ден завршува Петровскиот пост, еден од четирите големи повеќедневни пости во православната година, кој секогаш се завршува на Петровден. Ова е ден кога Црквата се сеќава на двајцата најзначајни Христови ученици – апостолот Петар, симбол на цврста и непоколеблива вера, и апостолот Павле, ревносен проповедник и мисионер, кој го проширил христијанското учење низ тогашниот свет.

Историски, празникот на светите апостоли Петар и Павле се утврдил дури пред празнувањето на сите 12 апостоли, што сведочи за нивната исклучителна улога во темелите на Христијанската Црква. Нивното дело, нивната жртва и нивната вера се столбовите врз кои се изградила апостолската традиција.

На Петровден, храмовите се исполнуваат со верници кои со молитва и благодарност го чествуваат овој свет ден. Традицијата се продолжува и во домовите, каде се собираат семејства, се празнува и се пренесува споменот за верата, пожртвуваноста и љубовта кон Христа.

Нека е честит и за многу години Петровден!

Можете да прочитате

Тетовец возел со 3,94 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

МВР: Регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк, едно лице приведено во Шуто Оризари

Претрес во Тетово, пронајдени дрога и оружје, следува пријава