Утрински Весник
Магазин

Денеска е Меѓународен ден на среќата

20240320123935 Big 730x400 54.webp.webp

Светот денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на среќата, славејќи ја среќата и благосостојбата во сите облици, обрнувајќи внимание на другите и себеси, изразувајќи благодарност и одвојувајќи време за луѓето кои се сметаат за важни.

Меѓународниот ден на среќата е востановен од Генералното собрание на ОН на 12 јули 2012 година и има за цел да ја препознае важноста на среќата и благосостојбата како универзален стремеж на човештвото, пренесува Бета.

На овој ден ширум светот се организираат различни настани, активности и иницијативи за промовирање на среќата, радоста и позитивноста. Целта е да се подигне свеста кај поединците, заедниците и владите за важноста на среќата во секојдневниот живот.

Меѓународниот ден на среќата се одбележува и со објавувањето на Извештајот за среќата во светот на ОН, кој дава податоци за среќата ширум светот и ги истражува факторите кои придонесуваат за благосостојба.

Според анкетите, формулата за среќа ги комбинира активностите на отворено, контактот со природата и меѓучовечката комуникација. Во резолуцијата на Генералното собрание на ОН усвоена во 2012 година, се наведува дека потрагата по среќа е основната цел на човештвото.

-ОН ја препознаваат среќата и благосостојбата како универзална аспирација и веруваат дека среќата треба да се смета и како политичка цел. Меѓународниот ден на среќата има за цел да ги освести луѓето ширум светот за важноста на среќата во нивните животи, се наведува во резолуцијата.

Во 2015 година, ОН започнаа 17 цели за одржлив развој за да ги направат животите на луѓето посреќни.

Нејзини главни развојни цели се искоренување на сиромаштијата, намалување на нееднаквоста и заштита на планетата.

Во еден од извештаите на ОН за среќа, населението е покането да ја сподели среќата со пријателите и семејството, да изрази благодарност, да ги направи другите среќни и исполнети во животот, се со цел тоа да стане секојдневна навика за сите. 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста