Утрински Весник
Македонија

Денеска е голем празник: Граѓаните го слават Свети Климент Охридски чудотворец

Kliment.jpg

Денеска се празнува „Свети Климент Охридски“ во чест на основачот на Охридската архиепископија, основоположникот на охридската книжевна школа и творецот на кириличното писмо, свети Климент.

Роден е во Рим, од царски род, современик на апостолите. Мајка му и неговите двајца браќа пловејќи по морето беа разнесени на разни страни, а татко му одејќи да ги бара жената и децата и самиот се изгуби.

Тогаш Климент, којшто имаше дваесет и четири години, појде на Исток да си ги бара родителите и браќата. Во Александрија се запозна со апостолот Варнава, потоа му се придружи на Св. апостол Петар, по кого веќе одеа неговите двајца браќа, Фаустин и Фаустијан.

По Божја Промисла апостолот Петар ја најде Климентовата мајка како старица питачка, а потоа и татко му. И така повторно се состави целото семејство и заедно како христијани се вратија во Рим. Св. Климент не се одвојуваше од великиот апостол, којшто него пред својата смрт го постави за епископ на Рим.

По маченичката смрт на Петар, во Рим епископ беше Лин, потоа Клит – обајцата кусо време – а после тоа Климент. Свети Климент управуваше со Божјата Црква со пламена ревност и од ден на ден обраќаше во верата Христова голем број неверни.

Тој одреди и седум брзописци коишто ги запишуваа житијата на мачениците што во она време страдаа за својот Господ. Царот Трајан го протера во Херсон, каде што Климент најде две илјади прогонети христијани. Сите беа зафатени со тешка работа на каменорежење на едно безводно место. Христијаните го примија Св. Климент со голема радост и тој им беше жив извор на утеха.

Со својата молитва низведе вода и обрати во христијанство огромен број староседелци и за една година на тоа место подигна седумдесет и пет цркви. За да не ја шири понатаму Христовата вера, го осудија на смрт со потопување во морето со камен на вратот, во 101 година.

Неговите чудотворни мошти ги извадија од морето дури Светите Методиј и Кирил.

Можете да прочитате

Земјотрес ги разбуди скопјани – Епицентарот во Албанија

Груби се повлекува од јавниот живот

Мијалков му беше главен ментор на Груби, вели Изет Меџити