Утрински Весник
Македонија

Денеска ќе бидат погребани 36 годишната жена и нејзината четиригодишна ќерка – Причината за смртта се уште се истражува

Sequence 04.00 00 36 03.still001.jpg

Најблиските роднини и пријатели како и соселаните денеска се простуваат од 36-годишната жена и нејзината 4-годишна ќерка од тетовско Слатино, кои починаа пред два дена, според првичните информации поради труење, најверојатно од храна.

Деветгодишното дете од семејството се наоѓа на скопските клиники, поради траумата која ја доживеало, по одлука на лекарите и стручните служби на тетовскиот Центар за социјална работа, по приемот во болницата во Тетово, каде нема детски психијатар. Првичните информации говорат дека состојба на момчето се подобрува.

Сопругот на починатата по информативниот разговор во полициската станица пуштен е вчера во 16 часот, а по барање на обвинител е упатен на дополнителни медицински анализи, со цел да се провери евентуално присуство на токсини и кај него. Според извори на Телма на денот кога се случила трагедијата, тој излегол од дома, мислејќи дека неговата сопруга и ќерката спијат, кога се вратил ги затекнал бабата и лекарот кој таа го повикала.

Сѐ уште се истражува причината за смртта на двете лица откако првичните сознанија од наредената обдукција упатуваат на труење. Во интерес на истрагата земени се мостри од секој вид и тип на храна што биле затекнати во семејната куќа.

По информациите дека семејството живеело во супстандардни услови, од Центарот за социјална работа Тетово велат дека кај нив немало никакви пријави.

Ова семејство не е во евиденција ниту во делот на услуги, ниту во делот на право. Мажот бил корисник на социјална помош до 2022 година, кога се вработува и поради тоа му престанува правото. Нема никакви поплаки од нив, ни пријави на загрижени граѓани. Доколку би имало ние веднаш би постапиле“ велат од ЈУ Центар за социјална работа Тетово.

Основното јавно обвинителство Тетово и Министерството за внатрешни работи интензивно преземаат дејствија за расчистување на настанот во тетовското село Слатино каде на 8 октовмри беа пронајдени починати мајката и детето.

Можете да прочитате

Директорите на Царинските управи на Македонија и Бугарија одржаа билатерална средба во Софија

18годишник си ја претепал својата мајка

Филипче: Силен СДСМ е неопходен за демократскиот развој и европската интеграција на Северна Македонија