Утрински Весник
Македонија

Денеска армиска вежба на подрачјето околу плажата „Бафало бич” во Охрид

1711435164 Oblachno.webp.webp

Денеска (10.07.2024) од 10.30 до 16.30 часот, на подрачјето околу плажата „Бафало бич” во Охрид, припадници на Баталјонот за специјални сили на Армијата на РСМ ќе реализираат вежбовни активности со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. Активностите се во рамки на финалната подготовка за утрешната тактичко-техничка показна вежба на Баталјонот за специјални сили на Армијата – препад на пловен објект и командно место, што ќе се реализира во 09 часот, на истата локација. Во вежбата ќе биде вклучен и хеликоптер на воздухопловниот ВИНГ на Армијата. Апелираме до граѓаните кои ќе сакаат да ја проследат вежбата од означените места, да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница