Утрински Весник
Македонија

ДЕНЕШНОТО УТРО РЕЛАТИВНО СВЕЖО: Во изминатите 24 часа во Македонија наврнаа дури 51 литар дожд на м/2 – Пред нас многу постабилен и посув викенд!

Meteoalarm.mk .svezhoutro.png

Во изминатите 24 часа, до 8 часот утринава, најмногу дожд наврна во Тетово, и тоа дури 51 литар на м/2. Што се однесува до температурите ова утро до 8 часот, најниска температура од само 7 степени е измерена во Крива Паланка  и во Берово, додека најтопло ова утро беше во Гевгелија со температура од 16 степени.

Во продолжение на табелата погледнете ги и останатите температури ова утро до 8 часот во Македонија, како и наврнатиот воден талог во литри на м/2 во изминатите 24 часа, исто така до 8 часот утринава, и тое на мерните станици на УХМР.

Викендов времето ќе биде многу постабилно, што значи циклонската активност која се наоѓаше над нашата територија значително ќе ослабне. Услови за попладневен краткотраен дожд и ретки грмежи ќе има само во западните предели. Преку ден ќе биде потопло со температури кои насекаде ќе бидат над 20 степени, а во централните  и во југоисточните предели тие ќе надминат 25 степени.

Можете да прочитате

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност 

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола