Утрински Весник
Македонија

Денешното неделно утро многу студено во Македонија, речиси насекаде се измерени минусни температури

Meteoalarm.mk 14.png

Денешното неделно утро во Македонија донесе многу студено време, па така речиси насекаде температурите се спуштија под нулата, но времето засега насекаде е ведро и сончево, но полека од запад надоаѓа поголема облачност, која е знак на големата промена на времето која ја најавив и доаѓа веќе од утре (понеделник) уште од утринските часови.

Најстудено утринава до 7 часот беше на Попова Шапка со измерена минимална температура од -8 степени. Од градовите пак најстудено во исто време беше во Крушево со измерени -6 степени, а највисока минимална температура утринава е измерена во Гевгелија, и тоа 3 степени.


Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и останатите минимални температури измерени утринава до 7 часот по градови и места во Македонија, и тоа на мерните

станици на УХМР.

Инаку снежната покривка утринава до 7 часот изнесуваше 32 сантиметри на Попова Шапка, 29 сантиметри во Маврово, и 5 сантиметри на Ѓуриште.

Можете да прочитате

Левица: Нема вода за Стружани – има вода за хидроцентралите на Анѓушев

ВМРО-ДПМНЕ со број 9, СДСМ со број 5 на локалните избори 2025

Андоновски: Централниот регистар нуди над 100 услуги и е прва адреса за секој што сака да започне бизнис во Македонија