Утрински Весник
Македонија

Денес во попладневните часови особено во западните предели појава на локален пороен дожд и грмежи 

Img 0723.jpeg

Денес (недела) продолжува екстремно топлото време во Македонија, но сепак, во попладневните часови очекуваме делумна дестабилизација на атмосферата. Во западните предели очекуваме локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дел од оваа нестабилност можно е да се префрли и во останатите предели од државава, но таа ќе биде многу поретка за разлика од западните предели.

Не се исклучува и појавата на локално краткотрајно невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, краткотрајно силен ветер, но и со услови за појава на град. Можност за краткотрајна нестабилност постои и во делови од Скопската котлина.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, во Скопје температурата денес ќе се искачи до околу 40, 41 степен.

Ув индексот ќе има екстремно висока вредност 10, па така апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Метео анализа на Славчо Попоски

Можете да прочитате

Димитриевски: Времето на етнизација и поделби по етнички клуч треба да биде минато, „Вреди“ собира евтини политички поени

Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

ВРЕДИ го брка ЗНАМ од Владата?