Утрински Весник
Македонија

Денес си замина најлошиот градоначалник на Скопје

Img 0626.jpeg
Dik 300x250 mk

Во 2021 година, независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, прогласи победа и изјави дека „победата е огромна“. Многумина тогаш очекуваа нова ера за главниот град – подобар јавен превоз, чист воздух и професионално управување. Но само неколку години подоцна, Скопје се најде во најголем урбан, сообраќаен и управувачки хаос во поновата историја.

Од самиот почеток на мандатот, наместо стабилност, следуваа кризи, конфликти и неисполнети ветувања.

Од ветување за бесплатен превоз – до град без превоз
Во предизборната кампања Арсовска ветуваше бесплатен јавен превоз за сите скопјани, но реалноста беше сосема поинаква. Јавниот превоз се најде во целосен колапс и недостиг на гориво, нефункционални автобуси и штрајкови на возачите оставија илјадници граѓани без можност да стигнат на работа или училиште. Наместо најавената услуга, Скопје остана без превоз поради серија финансиски и организациски кризи.

Рекорден број промени на директори
Во историјата на Скопје никогаш немало поголема нестабилност во јавните претпријатија. Арсовска направи најмногу промени на директори досега – речиси на секои шест месеци поставуваше ново раководство, создавајќи хаос, несигурност и нефункционалност во системот.

Запуштен град и стопирани проекти
Голем број инфраструктурни проекти беа запрени или целосно заборавени. Булеварите, мостовите и новите улици останаа само на хартија. Зелените површини беа оставени без одржување, а јавните простори се претворија во запуштени и небезбедни зони.

Скопје град под ѓубре и загадување
Скопје, кое некогаш се гордееше со своите паркови и чистота, денес важи за еден од најнечистите градови во Европа. Преполни контејнери, неподнослива миризба и нерегуларно собирање отпад го доведоа градот во колапс. Наместо решенија, граѓаните добија оправдувања и обвинувања.

Политички конфликти и самоволие
Мандатот на Арсовска беше обележан со конфликти – со советници, директори и поранешни поддржувачи. Наместо тимска работа, доминираа кавги, политички пресметки и лична нетрпеливост.

По речиси четири години, Скопје е град со нефункционален превоз, дупки по улиците, загаден воздух, прлав и нечист град и длабока недоверба кај граѓаните.

Данела Арсовска ќе остане запаметена како најлошиот градоначалник што го имало Скопје.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова прифати да биде покровителка на 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински”

Почнува акцијата „72 часа чисто Скопје“ – Ѓорѓиевски го стартува ветувањето за почист град

Забрана за користење на водата за пиење во Берово поради зголемено присуство на манган