Утрински Весник
Македонија

Денес седници на две собраниски комисии

1708002705 Whatsapp Image 2023 01 22 At 23.22.13.jpeg

Во Собранието денеска седница ќе одржат две комисии – Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет е преостаната само уште една точка на дневен ред – Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2023 година.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, Предлог на законот за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата, Предлог на закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, сите три во второ читање и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во прво читање.

Можете да прочитате

Какво време не очекува овој продолжен викенд

Министерството за економија и труд доделува финансиски средства за реализирање на програмата за заштита на потрошувачите

Во Македонија 34 пожари на отворен простор, од кои активни се 6