Утрински Весник
Македонија

Денес (сабота) и понатаму пролетно топло, утре (недела) поголема облачност кај нас и локален дожд, на високите планини и влажен снег!

Meteoalarm.mk 59 1.png
Dik 300x250 mk

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денешното саботно утро во Македонија донесе поладно време за разлика од изминатите неколку утрини, а времето е сончево со појава на локална позначителна облачност, а во дел од котлините има појава на магла или на ниска облачност. Претежно е тивко.


Најниска температура до 7 часот утринава беше измерена во Берово, и тоа -4 степени, додека во исто време највисока минимална температура беше измерена во Крушево, и тоа 3 степени.

На табелата можете да ги погледнете и останатите температури на воздухот измерени ова утро по градови и места низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.

Инаку и денес (сабота) на повеќе места ќе имаме пријатни пролетни температури на воздухот, кој ќе бидат значително натпросечни за овој дел од годината и на многу места тие ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите југоисточни предели тие ќе се искачат дури и до близу 20 степени.

Утре (недела) ќе има поголема облачност и ќе има појава на повремен локален дожд со послаб интензитет,  на високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) ќе има послаби врнежи од влажен снег.

Можете да прочитате

Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра, електронската наплата 35 проценти

Почнува Саемот за медицина, стоматологија и фармација-Health Innovation Expo 2025

„Trio Animato” настапи на фестивалот “Магична флејта Е/12” во Тирана