Утрински Весник
Македонија

Денес почнува второто издание на Охридскиот вински фестивал “Ohrid Wine Festival”

Денес почнува второто издание на Охридскиот вински фестивал “Ohrid Wine Festival”

Се е подготвено за почеток на фестивалот на виното во Охрид, штандовите се наместени, бината е спремна, виното се поставува на изложните полици спремно за дегустација.

dobivaj vesti na viber

Денес од 18:00 часот на Кеј Македонија спроти хотел Палас започнува Охридскиот вински фестивал “Ohrid Wine Festival”, со диџеј сетот на РУТБОЈ СЕЛЕКТОР и официјално почнува музичката програма на фестивалот. По него на сцената ќе ви слушаме Баклава, кралот без круна Миле Кузмановски ќе ги отпее најголемите свои хитови и прекрасна македонска народна песна, за да се заврши со легендата на македонската поп музика Дарио.

Забавата ќе трае до 01:00 часот, а повеќе од 20 винарии ќе докажат на посетителите дека македонското вино е едно од најубавите во Европа и светот.
Организаторите “Крафт Продукција” повторно апелираат на одговорно конзумирање на алкохол и секако препорака да не се управуваат моторни возила.

Од град Охрид кој е и главен покровител на настанот посочуваат дека ова е одлична можност за означување на официјален почеток на летната сезона во туристичкиот Бисер на Македонија.

Останува да уживаме во следните три дена со надеж дека оваа винска приказна ќе стане белег на Охрид и традиција за градот и винската култура во Македонија.

Можете да прочитате

Од денеска до 31 јули трае електронското пријавување за сместување во студентските домови

Пријавувањето е во тек: 1360 пензионери се пријавиле за парична помош од 2.500 денари

Со грант од 2 милиони евра од ЕБР ќе се прави студија за подобра животна средина