Утрински Весник
Магазин

Денес можна геомагнетна бура – Какви проблеми може да предизвика таа?

400px Magnetosphere Rendition.jpg

Како што јавува британски Метро, денес кај 18 часот ќе нè погоди уште еден изблик на сончева маса што може да поттикне геомагнетна бура.

Сончевата бура G1 почна да се развива откако една од сончевите дамки (темни, постудени области на сончевата површина) се разгоре во неделата. Ерупцијата е позната како исфрлање на коронална маса, при што од Сонцето се исфрлаат околу милијарда тони плазма.

Сончевата дамка AR3835 изгледа како да се смирува по исфрлањето на маса во околниот простор. Избликот од М класа упати кон нас бран од соларна плазма кој се движи со брзина од милион километри на час, кој ќе не погоди денес. Сончевата бура ги изненади научниците не само поради неговиот интензитет, туку и од фактот што воопшто се случи.

NOAA, Американскиот центар за предвидување на вселенското метео, вели дека сончевата бура ќе биде „мала“, односно со интензитет G1 во нејзиниот систем за оценување. Ова значи дека иако нема апокалиптични размери бирата сепак може да предизвика проблеми за телекомуникациската инфраструктура (телефонските линии и сателитските комуникации) на поголемите географски широчини. Агенцијата очекува геомагнетен К-индекс од 5 степен. За појаснување сè што е над седум е сериозно.

Бурата се совпаѓа со есенската рамноденица на Земјата кога појавата на геомагнетните бури е поверојатна, поради Расел-Мекфероновиот ефект. Имено, во поголемиот дел од времето во кое Земјата се движи околу Сонцето, магнетосферата на нашата планета и онаа на Сонцето не се порамнети, така што оваа невидлива бариера околу нас ги отклонува честичките упатени од нашата матична ѕвезда. Но, за време на пролетните и есенските рамноденици, половите на Земјата се навалуваат така што магнетното поле на Земјината топка се усогласува со она на Сонцето, па оттаму и поголема веројатност за геомагнетна бура.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста