Утрински Весник
Македонија

ДЕНЕС И УТРЕ (САБОТА) ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ НА ПОВЕЌЕ МЕСТА ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Можно е локално невреме

Heavy Raining In Ajdov Ina. 5985812613.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес и утре (сабота) и тоа поради веќе споменатата циклонска активност која е со центар источно и југоисточно од нас, во попладневните  и во вечерните часови во Македонија ќе настапи поголема дестабилизација на атмосферата. Во ваква ситуација, на повеќе места ќе се развиваат грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со услови за појава на град. И во Скопје и околината денес и утре (сабота) во попладневните  и во вечерните часови ќе има повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.

Апелираме во случај на појава на невреме, како и на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Најниски температури преку ден ќе имаме  денес  и утре (сабота). Денес максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени, додека утре тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во Скопје максималната температура денес ќе се искачи до околу 32 степени, додека утре таа ќе се искачи до околу 31 степен.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога

Метеж на Табановце и Богородица – се чека по 20-30 минути за влез и излез!

Познатата македонска писателка за изјавата на премиерот: Човек треба да е среќен, а среќата произлегува од слободата, а слободата значи право на избор