Утрински Весник
Македонија

Денес и утре (петок) посвежо, особено наутро, повремено со засилен ветер од северен правец (до околу 60 км/час)

Download 5.jpeg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Следува постепена стабилизација на атмосферата во Македонија. Сепак, денес како и утре (петок) очекуваме нешто попријатно, односно посвежо време, а особено свежо ќе биде во ноќните и во раните утрински часови кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 17 степени.

Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Во Скопје минималната температура се очекува да се спушти до околу 16 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 33 степени. Сепак и покрај претежно стабилното и суво време, ќе биде ветровито. Односно, ќе дува умерен, повремено и тоа особено Долж Повардарието засилен ветер од северен правец (повремено со брзина до околу 60 км/час). И во Скопскиот регион повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати

Лабовиќ: Постојат дилеми кај нашата правна елита, аналитичарите и експертите во смисла дека нема систем

Ивановска: По Кочани, ништо не се смени за една година системот остана ист