Утрински Весник
Македонија

Денес и утре автобусите на ЈСП ќе возат по неделен возен ред, а се уште не се знае дали во понеделник воопшто ќе возат

јсп (1)

Поради верскиот празник Богојавление – Водици денеска автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе функционираат по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

По неделен возен ред, како што информираат од ЈСП Скопје, ќе се вози и утре (сабота), со исклучок на посочените линии кои повторно ќе функционираат по саботен возен ред.

Од ЈСП Скопје велат дека денеска дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров, кои ќе работат од 7 до 14 часот, додека утре (сабота) сите билетарници ќе работат со вообичаеното работно време.

Жичницата, пак, сите денови ќе работи од 10 до 17 часот.

Инаку, Синдикатот во ЈСП најави дека в понеделник автобусите нема да сообраќаат ако до тогаш Град Скопје не префрли пари и вработените во сообраќајното претпријатие не ја добијат декемвриската плата.

Можете да прочитате

Маж од кичевско ќе добие 300.000 денари откако го нападнала мечка

Пронајдена угината единка балкански рис кај Буково

ДУИ бара Филков да биде разрешен