Утрински Весник
Македонија

Денес е Меѓународниот ден на медицинските сестри

Mavi Ve Lacivert Sade Hemsireler Gunu Instagram Hikayesi.jpeg

Меѓународниот ден на медицинските сестри се слави секоја година на 12 Mај во спомен на раѓањето на основачот на модерната медицинска сестра, Флоренс Најтингел, за да им се оддаде почит на медицинските сестри како непроценлив ресурс и да се подигне свеста за предизвиците со кои се соочуваат.Секоја година, Меѓународниот ден на медицинските сестри е одбележаан со различна тема која оваа годинагласи:

„Нашите медицински сестри. Нашата иднина.”

Сестринството опфаќа автономна и заедничка грижа за поединци од сите возрасти, семејства, групи и заедници. Тоа вклучува унапредување на здравјето, спречување на болести и грижа за болни, инвалиди и лица кои умираат. Медицинските сестри играат клучна улога во здравствената заштита и се неопходни во здравствените установи. Тие честопати први откриваат здравствени итни случаи, работат на првите линии на превенција на болести и обезбедување на примарна здравствена заштита, вклучително и промоција, превенција, третман и рехабилитација.

Приближно 27 милиони мажи и жени ја сочинуваат глобалната работна сила на медицинските сестри и акушеркикои пак ја сочинуваат речиси 50% од глобалната здравствена работна сила и имаат витална улога во тоа како се организираат и применуваат здравствените активности. Тие често се првиот, а понекогаш и единствениот здравствен работник што ќе го види пациентот.Исто така се дел од нивната локална заедница – споделувајќи заедничка култура, силни страни и слабости  и можат да форираат и да испорачаат ефективни интервенции за да ги задоволат потребите на пациентите, семејствата и заедниците.Квалитетот на нивната првична проценка и последователна грижа се од витално значење за силни здравствени резултати.

И покрај критичната улога што ја играат во здравствената заштита, постои недостиг на медицински сестри, кој се очекува да се зголеми како што расте популацијата.СЗО проценува дека на светот ќе му бидат потребни дополнителни  9 милиони медицински сестри и акушерки до 2030 година.

Иницијативите за проширување на услугите за здравствена заштита, особено во земјите со низок и среден приход, успеваат да обезбедат пристап до претходно недоволно опслужени заедници, што ја поттикнува потребата за обучени медицински сестри. Секоја земја има потреба од компетентна, мотивирана, добро дистрибуирана и поддржана здравствена работна сила како дел од глобалната акција за универзално здравствено покривање, а медицинските сестри се централни за овие напори.

Можете да прочитате

Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства

Гужви на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Граѓаните за новото задолжување на Владата: Касата празна, животот мизерен, мора да се задолжуваме за да живееме (ВИДЕО)