Утрински Весник
Македонија

Демократското движење: Владините функционери си ги покачија своите плати на над 2.000 евра, а за граѓаните само 2.000 денари покачување

Демократското движење: Владините функционери си ги покачија своите плати на над 2.000 евра, а за граѓаните само 2.000 денари покачување

Според Демократското движење, лицемерството на актуелната власт нема крај. Честопати, велат од оваа партија, тие се горди на нешто од што всушност треба да се срамат.

dobivaj vesti na viber

„Министерот за економија, Крешник Бектеши, зголемувањето на минималната плата за 10 % или за 2.000 денари го смета за големо достигнување.

Од друга страна, покачувањето на платите за функционерите изнесуваше 78 % достигнувајќи вредност од 128.000 денари или над 2.000 евра и ова е исмејување со судбината на обичниот граѓанин.

Веќе сите знаеме дека граѓаните се на работ на егзистенција. Се разбира, овој секојдневен притисок не го чувствуваат владините функционери и нивните семејства бидејќи тие токму на сметка на граѓаните си обезбедија за себе удобно секојдневие“, се истакнува во реакцијата на оваа партија.

Ова што го прави власта, како што оценуваат, е само уште еден обид да се купи волјата на граѓаните за претстојните избори.

„Граѓаните добро знаат дека Владата се обидува да го продаде како успех покачувањето на минималната плата за 2.000 денари, а за себе си ги покачија платите во вредност од повеќе од 2.000 евра, и корупциските скандали не престануваат“, се истакнува во напишаното од Демократското движење.

Можете да прочитате

На Деве Баир уапсен Турчин, приложил фалсификувани документи

ИЈЗ потврди морбили кај 12-годишно дете: Се работи за увезен случај од Србија

Полицијата вршела претрес во неговиот дом, а тој пред нив проголтал хероин – итно го однеле во болница