Утрински Весник
Македонија

Демократското движење: Нов крупен чекор кон официјализирање на ВЛЕН во обединета политичка сила

Image 2026 03 03 214105461.png

Соопштение на Демократското движење:

Вечерва, на предлог на Претседателот Изет Меџити, Демократско движење одржа состанок со партиските структури, со единствена точка на дневен ред – официјализирање на ВЛЕН во обединета политичка сила.


Со манифестирање на висока политичка зрелост, целосно прифаќајќи ја пораката на мнозинството Албанци, едногласно го овластивме г-динот Меџити, да продолжи да го води процесот на трансформација на нашата партија и нејзиното прелевање во ВЛЕН како обединета, силна и современа политичка структура.

Силно сме уверени дека продлжуваме да создаваме историска можност за ВЛЕН да продолжи да окрупнува и да ја зацврсти улогата на главен репрезент на волјата на мнозинството Албанци. Овој чекор ја консолидира албанската политичка сцена и поставува цврсти основи за поголемо учество и влијание на Албанците во идниот политички живот.

Можете да прочитате

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите се само одложени

Ранѓеловиќ: Македонија треба да биде повнимателна во новиот мултиполарен свет

Ранѓеловиќ: ЕУ стана алатка за манипулација – Нашите политичари не сакаат искрено влез во Унијата