Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Демократскиот сојуз бара се укинат привилегиите на поранешните претседатели

Демократскиот сојуз бара се укинат привилегиите на поранешните претседатели
Img 7972

Демократскиот сојуз досега неколкупати иницираше постапка за укинување на правата на Претседателот и неговото семејство по престанокот на функцијата, но Парламентот тие иницијативи не ги прифаќаше.

dobivaj vesti na viber

Со Законот за правата на Претседателот по престанокот на функцијата, покрај другото се предвидуваат следните привилегии: пензија во износ на платата што ја примал како претседател, канцеларии, тројца вработени, обезбедување, службен автомобил и возач, како и буџет од над 30.000 евра годишно.

„Освен семејството на починатиот поранешен претседател Борис Трајковски, кое оправдано користи само дел од правата, во целост ги користат сите права поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов. Демократскиот сојуз смета дека без потреба се трошат огромни средства, бидејќи поранешните претседатели не извршуваат никакви активности, ниту им е загрозена личната безбедност, ниту пак нивната поранешна функција имала битно влијание во државата“, велат од Демократскиот сојуз.

Партијата го повика Уставниот суд по службена должност да иницира постапка за укинување на привилегиите на Претседателот на Македонија по престанокот на функцијата.

ДС има подготвено измени на законот и истите повторно ќе ги достави до Парламентот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Нема предавство со Бугарија!

Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат