Утрински Весник
Македонија

Демократски сојуз: Нема да учествуваме во промена на Уставот, бараме реципроцитет од Бугарија

Демократски сојуз: Нема да учествуваме во промена на Уставот, бараме реципроцитет од Бугарија

Демократскиот сојуз сметa дека пред да почне постапка зa внесување на Бугарите во Уставот, неопходно е од Бугарија да се обезбеди реципроцитет, Македонците да бидат признаени и да можат да се организираат и здружуваат преку формирање културни центри, здруженија на граѓани, политички партии и други форми на асоцијации, заради негување и афирмација на културните, јазичните,  историските и другите обележја, права кои во Македонија ги имаат сите етнички заедници, вклучително и Бугарите, се вели во соопштеието од оваа партија испратено до медиумите.

– Сè додека Бугарија го негира македонскиот народ, како и автентичноста на македонскиот јазик, Република Македонија не треба да почнува постапка за промена на Уставот. Поради тоа, Демократскиот сојуз нема да номинира свој претставник во работната група за промена на Уставот, стои во соопштението.

dobivaj vesti na viber

Демократскиот сојуз бара Владата на Република Македонија директно, како и со помош на ЕУ и САД, да инсистира на признавање на Македонците во Бугарија.

– Признавањето на Македонците во Бугарија ќе биде мал чекор на  официјална Софија, но со историски димензии и почеток на нормализација на односите помеѓу Македонците и Бугарите, како и помеѓу двете држави, Македонија и Бугарија, сметаат од Демократски сојуз.

Можете да прочитате

ДСЗИ: Нема пропусти во случајот со починатото дете од Кавадарци

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните двајца пациенти повредени во пожарот во Кочани

Унапредување на билатералната соработка и поддршката за европските интеграции во фокусот на посетата на министерот Муцунски во Париз