Утрински Весник
Македонија

Демократски сојуз: Груби за предизборна корупција формира ново министерство за проектот „Бехтел и Енка“

(Видео) Груби: Сите амбасадори што дошле кај мене шутирале, градоначалникот на Тирана даде гол со петица

Со огласот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за вработување на 30-тина лица во новоформираната Проектна единица за спроведување на договорот за изградба на автопатите на коридорите 8 и 10 д, очигледно е дека Артан Груби формира ново министерство, кое за предизборни цели ќе располага со огромни средства за корупција, се наведува во соопштение на Демократскиот сојуз.

dobivaj vesti na viber

Од тука, велат од партијата на Павле Трајанов, станува јасно дека огласот за ангажирање на помошник координатор на проектот директно го заобиколува директорот на ЈПДП, а со тоа и Министерството за транспорт и врски кои се надлежни за изградба на автопатите.

„Наместо нив, Артан Груби, кој е министер за политички систем и координатор за спроведување на договорот, кој го креираше како координатор на Комитетот за подготовка на договорот, директно ќе одлучува за ангажирање на лојални партиски кадри во Проектната единица, за легализација на дивоградби на теренот, за сеча на шуми и сл. и всушнот за исплата и распределба на финансиски средства од неколку стотини милиони евра“, велат од партијата на Трајанов.

Според него, најновиот развој на настаните само ги зголемува сомнежите за коруптивноста на овој проект, кој власта ќе го злоупотреби со легализација на криминалот преку донесување на девет закони во скратена постапка.

Можете да прочитате

Пановски за „Фокус“: ВМРО-ДПМНЕ за инает на Арсовска ги саботира и сопствените проекти

ЛАДНИОТ ЦИКЛОН СЕ ПОБЛИСКУ ДО НАС: Ќе донесе многу дожд, снег, и снежна покривка од над 60 сантиметри!

Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, рече Мицкоски со барање ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола оти долгот бил 5 милијарди денари