Утрински Весник
Македонија

Демократски сојуз: Државниот врв на Илинден се сокри од народот

Демократски сојуз: Државниот врв на Илинден се сокри од народот

Државниот врв вчера држеше говори на најголемиот македонски национален и државен празник, Илинден, далеку од народот, со силно полициско обезбедување и одбрани гости, реагираат од Демократскиот сојуз.

dobivaj vesti na viber

„Имаше обид да се злоупотреби овој светол празник, да се повикува на илинденците и на востанието за наводно да покажеме и сега храброст за да се промени Уставот, за Македонија да ги почне преговорите за влез во ЕУ. Многу е несоодветно било кој да се споредува со илинденците или со партизаните и да се повикува на народот, истовремено да се бега од народот или да се направи нешто што 80% од народот не го прифаќа“, истакнуваат од партијата на Трајанов.

Според нив, неспорно е дека членството во ЕУ е наш национален, стратешки и државен интерес, но токму државниот врв, како што велат, не заглави на тој пат со прифаќање на неприфатливи услови, со коленичење и сервилност, без консултации со народот, без стратегија и поширок политички консензус.

Демократскиот сојуз со порака до власта: „Доколку сакате да водите исправни политики, да спроведувате реформи и да создавате услови за подобар живот за сите граѓани, тогаш организирајте парламентарни избори. Барајте поддршка, не бегајте, не се сокривајте од народот“.

„Со политички блефови, театар, манипулации и злоупотреба на историските настани, нема да победите ниту ќе направите реформи, а уште помалку ќе обезбедите сполотеност и единство. Ќе “купите” некој ден повеќе да бидете на власт, но народот ќе ве казни. Национален, државен и граѓански интерес е да се организираат избори и да се проверат политиките кои се нудат“, се подвлекува во соопштението на Демократскиот сојуз.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор