Утрински Весник
Македонија

Демократски сојуз: Да се забрани производство на марихуана

20260206095125 big 730x400 63.webp.webp

Соопштение на Демократскиот сојуз:

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство на марихуана (Cannabis sativa) за наводни медициски цели.

Досега, од 2017 година надлежното Министерство за здравство, во соработка со други институции (Мин.за земјоделство, Меѓуресорската комисија и други) издало 61 лиценца на фирми кои можеле да произведуваат марихуана за медицински цели.

Повеќе од јасно е дека контролата затаила поради што се случија фингирани кражби, пресметки помеѓу нарко-мафијата, заплени на канабис од полицијата итн., но криминалниот бизнис продолжи, бидејќи нарко-мафијата во која беа вклучени и носители на највисоки државни функции од претходната власт се стекнаа со огромна финансиска моќ и политичко влијание.

Демократски сојуз силно ја поддржува акцијата на МВР за заплена на канабисот и инсистира да постапува неселективно и јавно да бидат објавени сопствениците (формални и неформални) на фирмите кои произведуваат канабис, кој и кога ги издал лиценците за производство на канабис итн.

Министерството за здравство во соработка со другите надлежни институции да објави колку количини на канабис се произведени, каде се тие количини (продадени, на залиха, украдени итн.) и колку профит е остварен.

Запленетите 32 тона канабис (5 во Србија и 27 тони во Македонија), тоа е засега гребење по површината на овој нарко-бизнис кој има тешки последици по здравјето на младите генерации, политичката стабилност, владеење на правото и меѓународниот углед на државата.

Бараме да се прошири одговорноста и кон носителите на функции од надлежните министерства кои издавале лиценци и кои  затаиле со контролата на спроведување на законите за да се спречат злоупотребите.

Одземените количини се премногу за Балканот, а не за медицинските потреби на Македонија.

Очигледно е дека првобитната хумана цел е  злоупотребена и затоа се потребни итни законски промени.

Можете да прочитате

(Видео) Рекордна заплена на дрога во Македонија

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Панделевски: Не барав привилегии, туку фер и законска постапка – обвинението падна но носледиците останаа