Утрински Весник
Македонија

Демократска Партија на Турците на Македонија ќе избира нов лидер на 25 мај – фаворит меѓу делегатите е Зулфикар Зејнула

Img 9116.jpeg

Демократска Партија на Турците на Македонија (ДПТМ) на 25 мај ќе го одржи својот 11. редовен конгрес на кој ќе се избере нов партиски претседател. Конгресот ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, а во трката за лидерската позиција влегуваат тројца кандидати: Зулфикар Зејнула, Ердал Ахмеди и Мухитин Кахвеџи.

Според информации од партиски извори, фаворит низ редовите на делегатите е Зулфикар Зејнула, поранешен заменик-директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Тој важи за фигура со долгогодишно политичко искуство и добри релации со дел од актуелното раководство, како и со членството на терен.


Зејнула, како што се оценува, успеал да изгради стабилна поддршка особено меѓу делегатите од западнио, источниот и југоисточниот дел на државата, каде партијата има постојана поддршка.

Од друга страна, кандидатурата на Ердал Ахмеди доаѓа од кругови блиски до досегашното водство на ТДП. Третиот кандидат, Мухитин Кахвеџи, е помалку експониран, но ужива поддршка од помладите структури.

Конгресот на ДПТМ доаѓа во важен политички момент по парламентарните избори, каде што се очекува реорганизација и позиционирање на партијата на националната сцена, особено во контекст на учество во новото парламентарно мнозинство и влада.

Партијата, која ги претставува интересите на турската заедница во Северна Македонија, преку овој конгрес ќе ја дефинира својата идна политичка насока, кадровски приоритети и стратегија за настап на следните локални избори.

Очекувањата се дека изборот ќе биде одлучен во еден круг, но не се исклучува можноста за договарање во последен момент помеѓу кандидатите, зависно од текот на конгресните расправи и гласањето на делегатите.

Можете да прочитате

Универзитетската клиника за урологија стана лиценциран центар за поставување на уринарен сфинктер

Чупеска: Интеркултурализмот е следниот чекор по Охридскиот договор

ВМРО-ДПМНЕ: Судиите избрани од Зајас и Муртино сеуште слугуваат на СДС и ДУИ, реформи мора да има